Достапни линкови

Денеска објавување на стратегијата на ЕУ за Западен Балкан


високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан

Европската комисија денеска ќе ја објави стратегијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан во која се наведува дека сите земји во регионот имаат можност да напредуваат на европскиот пат врз основа на сопствени заслуги и брзината со која ќе ги остварат реформите. Документот во Стразбур ќе го претстават високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан по што ќе следи расправа во Европскиот парламент. Стратегијата ќе им биде упатена на земјите членки кои за неа ќе расправаат на самитот во идниот месец.

XS
SM
MD
LG