Достапни линкови

Папата и Ердоган сметаат дека не треба да се менува статусот на Ерусалим


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и папата Франциско во Ватикан

Тероризмот не може да се доведува во врска со религиите, а борбата против ксенофобијата и исламофобијата треба да продолжи со заеднички сили, оцениле папата Франциско и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на нивната денешна средба во Ватикан, јави турската новинска агенција Анадолија.

Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата изјавил дека папата и турскиот претседател разговарале за повеќе важни прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата околу Ерусалим. Папата Франциско и Ердоган ја нагласиле важноста од задржување на статусот на Ерусалим во согласност со резолуцијата на Обединетите нации и почитувањето на меѓународното право, јавува Анадолија, повикувајќи се на истиот неименуван извор.

Ердоган е првиот турски претседател кој по 59 години е во посета на Ватикан.

XS
SM
MD
LG