Достапни линкови

Авганистанец убил жена пред децата оти ја сменила верата


Илустрација: Германска полиција

Германските обвинители од градот Траунштајн побараа затворска казна за авганистански барател на азил обвинет за убиство на жена откако таа се преобратила во христијанството.

Мажот неколку пати ја прободел 38-годишната Авганистанка пред двете нејзини деца, на возраст од 5 и 11 години, во април 2017 година, изјави обвинителот Оливер Моснер пред судот во јужниот германски град Траунштајн, јавија западните новински агенции.

Моеснер го споредил убиството со јавна егзекуција, бидејќи, како што рекол, тоа се случило пред супермаркет. Осомничениот, наводно, претходно признал дека ја убил жената, но пред почетокот на судењето тој тврдел дека повеќе не може да се сети.

XS
SM
MD
LG