Достапни линкови

САД, ЕУ и Швајцарија ќе ѝ помагаат на Владата во изборните реформи


Премиерот Зоран Заев и Сибил Зутер Техада, амбасадорка на Швајцарија во Република Македонија

Швајцарија е подготвена да помогне во зајакнувањето на капацитетите на Државната изборна комисија (ДИК), на општинските изборни комисии и генерално во изборните реформи, изјавила швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Зутер Техада, на средбата со премиерот Зоран Заев, соопшти владиниот прес-центар.

Премиерот Заев на средбата рекол дека Владата е определена за изборни реформи и дека е прифатлива секоја помош и соработка.

Според соопштението од Владата, Заев ја информирал амбасадорката Техада дека ќе се формира координативно тело, кое што ќе работи со претставници на ЕУ, САД и на швајцарската Влада за подготовка и имплементација на изборните реформи.

XS
SM
MD
LG