Достапни линкови

Судењето за предметот на СЈО „Трезор“ одложено за 29 март


Архива: Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Судењето за предметот на СЈО „Трезор“, за набавка на опремата за прислушување, е одложено за 29 март. Во предметот првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, а причината за одложувањето е бидејќи се чека исходот од жалбената постапка пред Врховниот суд во Грција за обвинетиот поранешен началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, истакна судијката Џанета Бегтовиќ.

Таа рече дека ќе побара од претседателот на Кривичниот суд да назначи адвокат по службена должност доколку некој од најблиските членови на семејството на Грујевски не достави полномошно дека во меѓувреме ангажирале бранител.

На денешното рочиште дојдоа поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, сите обвинети во „Трезор“. Обвинението на СЈО пред Судот го застапуваа обвинителите Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

XS
SM
MD
LG