Достапни линкови

Средба на Ердоган и папата Франциско во Ватикан


Средба на папата Франциско и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Ватикан.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со папата Франциско во Ватикан, во услови на зголемено полициско обезбедување и протести забранети во поголемиот дел на центарот на Рим.

Мал овластен протест против посетата на Ердоган одржаа курдски демонстранти надвор од Ватикан.

Канцеларијата на Ердоган во соопштение наведува дека во разговорите ќе бидат вклучени темите за статусот на Ерусалим, односите меѓу Турција и Ватикан, Сирија, бегалската криза, тероризмот, ксенофобијата и исламофобијата.

Ватикан поддржува решение на израелско-палестинскиот меѓу двете земји.

Посетата на Ердоган во Ватикан е прва на функционер од Турција во 59 години.

XS
SM
MD
LG