Достапни линкови

Османи: Македонија очекува сигнал за европска перспектива


Архива: Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Македонија во Стратегијата за проширување што утре ќе ја објави Европската комисија очекува да добие јасна европска перспектива и можност да го достигне рокот заедно со Србија и Црна Гора во 2025 година да стане дел од ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој додаде дека очекуваат земјата по затворањето на отворените политички прашања во односите со соседите да добие датум за преговори.

„Битно е да ни се даде можност, а потоа се ќе зависи од нас, рече вицепремиерот Османи пред одржувањето на работниот појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Република Македонија.

Според него треба да се има предвид дека Македонија има најголемо искуство во овој процес, најдолго е во процесот и во реалноста има постигнато многу во смисла на хармонизација со европската легислатива и во исполнување на критериумите.

XS
SM
MD
LG