Достапни линкови

Осомничениот за нападите во Париз на суд во Брисел


Фотографија на Салех Абдеслам - осомничен за нападите во Париз од 2015 година.

Под силно обезбедување започна судењето за главниот осомничен за нападите во 2015 година во Париз, Салех Абдеслам, во неговиот роден град Брисел.

Во нападите на 13 ноември 2015 година загинаа 130 луѓе во концертната сала Батаклан, во неколку барови и ресторани кои беа во близина, како и во националниот стадион.

Екстремистичката група Исламска држава (ИД) ја презема одговорноста за нападите, како и за нападите во Брисел во март 2016 година кога загинаа 32 лица.

28-годишниот Абдеслам, кој по неговото апсење беше чуван во Париз под 24-часовен надзор да не изврши самоубиство, беше префрлен во високо обезбедуван затвор во близина на северната француска граница за да се овозможи секојдневно да може да биде носен во Палатата на правдата во Брисел.

Сослушувањата не се однесуваат директно на нападите во Париз од 2015 година или за оние во Брисел, иако обвинителите велат дека Абдеслам имал врски со келиите одговорни за масовните убиства.

XS
SM
MD
LG