Достапни линкови

Турција не се грижи за критиките од странство за акцијата во Сирија


Ердоган најави продолжување на воената акцијата во Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Ердоган најави продолжување на воената акцијата во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е решен да открие кој ја снабдувал со ракети сириската Курдска милиција, чии припадници во саботата извршиле напад врз турски војници во Африн.

Во овој напад загинаа петмина турски војници. Говорејќи на прес-конференција пред заминувањето за Ватикан, Ердоган рече дека Анкара ќе ги сподели наодите од истрагата со јавноста откако ќе бидат потврдени извештаите за потеклото на ракетниот систем.

„Има некои извештаи за ова што ми го споделија, меѓутоа, не мислам дека е во право да ги откриеме. Но, без оглед на тоа кој го испорачал ракетниот систем, се чини дека тие одат рака под рака со терористите и ќе ги споделиме со целиот свет кога ќе бидат потврдени“, рече тој.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги осуди меѓународните критики на турската воена операција „Маслиново гранче“.

„За жал, вчера еден од нашите тенкови беше цел, а пет од нашите херојски војници станаа маченици. Воопшто не ни е грижа за какви било коментари или вознемирувачки изјави што доаѓаат од некои земји во врска со оваа операција“, рече тој.

Турција ја започна својата операција наречена „Маслиново гранче“, пред речиси две недели.

Главна цел се припадници на курдската милиција во близина на границата.

Турција смета дека оваа милиција е терористичка група и продолжена рака на забранетата Курдистанска работничка партија.

Овие курдски сили беа едни од главните сојузници во борбата предводена од Соединетите Држави против милитантите на Исламската држава во Сирија.

Според некои проценки, до крајот на овој или почетокот на следниот месец турските сили ќе стигнат до сирискиот град Африн.

Врз основа на планот на турската армија, предвидено е на 12 февруари да започне акција за „прочистување од терористите“ на околу 127 села во околината на Африн, по што кон крајот на месецот или почетокот на март турските сили би требало да тргнат кон самиот град.

Територијата на градот би требало да биде поделена на 14 зони за дејствување и би биле воспоставени три коридори за извлекување на цивилите од Африн.

Инаку, од почетокот на турската офанзива против сириската курдска милиција, повеќе од 50 ракети ги погодија турските гранични градови Килис и Рејханли.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG