Достапни линкови

ИД пред пораз на бојно поле, и останува тероризмот


Главните места на ИД, Мосул и Рака, пред паѓање
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Главните места на ИД, Мосул и Рака, пред паѓање

Интензивните борби на локалните коалициски сили предводени од Соединетите Држави кои се борат против екстремистичката Исламска држава резултираа со голем напредок во изминативе денови. Тие се повеќе го стегаат обрачот околу двете упориштата на ИД во Сирија и Ирак.

Кревањето во воздух на Големата џамија во Мосул каде што самопрогласениот лидер на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади прогласи калифат во Ирак и Сирија за ирачките власти било сигнал дека милитантите се пред дефинитивен пораз.

Џамијата, според наводите, била урната од самите милитанти откако сојузничките сили ја интензивирале офанзивата за освојување на Мосул.

Во исто време, арапско-курдската коалиција која е поддржана од Соединетите Држави е се поблиску до освојување на Рака кој милитантите го прогласија за нивен главен град во Сирија.

Политичкиот аналитичар Тарек Алабед, за новинската агенција Ројтерс, изјави дека смета оти сепак, борбите во Рака нема да завршат наскоро:

„Офанзивата во Рака нема наскоро да заврши. Таа напредува побрзо отколку што се очекуваше, но малку е веројатно дека ќе заврши наскоро. Турција можеби ќе преземе акција, бидејќи сегашната ситуација покажува оти Турција, поради инфериорната позиција, не може веќе да се воздржува, а тоа ќе донесе поопасни резултати“, вели тој.

Аналитичарот Мазен Билах, пак, додава дека се ближи крајот на екстремистите, барем што се однесува на бојното поле:

„Мислам дека многу терористички групи ќе имаат свој крај. На пример, Џабхат Фатех ал-Шам и Арар ал-Шам имаат големи проблеми. На екстремистичките групи им нема спас барем воено. Ќе имаат некои подземни активности, но и тоа е подобро од битките со вооружени сили“, вели тој.

Паѓањето на Рака и на Мосул би претставувало голема победа во борбата против ИД, главно поради распаѓањето на нивната самопрогласена државна структура.

Но, од друга страна, милитантите би можело и натаму да ја задржат контролата врз големите области во Сирија и Ирак што ги освоија во текот на 2014 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG