Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за голема коалиција во Германија


Германската канцеларка Ангела Меркел и лидерот на социјалдемократите Мартин Шулц

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите денеска ги продолжуваа преговорите за формирање влада, иако двете страни одредија 4 февруари да биде крајниот рок за коалициски договор. Генералниот секретар на Социјалдемократската партија Ларс Клингбајл изјави дека двете партии се уште имаат разлики околу некои прашања. Преговорите меѓу конзервативците и социјалдемократите за формирање голема коалиција по изборите на 24 септември лани, се најдолги од Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG