Достапни линкови

Никос Анастасијадис реизбран за претседател на Кипар


Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис

Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис е реизбран на вчерашниот втор круг претседателски избори. Од преброените сто отсто од гласовите, тој доби 55,99 проценти. Одѕивот беше 73 отсто, помал од претседателските избори во 2013 година, кога изнесуваше 83 отсто, но два отсто повисок од првиот круг избори годинава. Право на глас имаа 550.000 граѓани на Кипар кои избираа меѓу двајцата кандидати, досегашниот кипарски претседател Никос Анастасијадис и независниот кандидат Ставрос Малас.

XS
SM
MD
LG