Достапни линкови

Протести во Тирана поради договорот меѓу Албанија и Грција


Во организација на граѓанскиот сектор денеска пред Владата во Тирана беше одржан протест против, како што беше наведено,последнот договор со што Албанија на Грција и отстапува 12 милји од Јонско Море.

Стотици граѓани со пароли на кои пишуваше „Татковината во опасност“,„Се продава достонството на Чамите“, бараат поништување на договорот.

Демонстрантите побараа албанскиот премер Еди Рама да даде објаснувања, а од експертите побараа да предложат законско решение околу определувањето на морската границата меѓу Албанија и Грција. Се почна по изјавата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, кој посочи дека е договорено Албанија да и отстапи на неговата земја 12 милји од морето.

И албанската опозиција е незадоволна од преговорите што се водат помеѓу претставниците на владите на Албанија и Грција за заокружување на отворените прашања помеѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG