Достапни линкови

Четири туристи повредени во инцидент во централна Италија


Властите во централниот италијански град Мачерата соопштија дека најмалку четири странци биле повредени во серијата пукања во градот, пришто осомничениот е уапсен. Државната телевизија Раи изјави дека осомничениот бил Италијанец од Мачерата. Тој, наводно, имал италијанско знаме завиткано околу вратот кога бил уапсен.

Полицијата соопшти дека сите кои биле таргетирани се странци, а локалните медиуми објавија дека се африкански имигранти.Пукањата биле пријавени во различни делови на Мачерата, вклучувајќи ги и железничките станици на градот.Градоначалникот прати порака на твитер и ги предупреди луѓето да останат дома поради инцидентот.

XS
SM
MD
LG