Достапни линкови

Руските олигарси под истрага за своето богатство во Британија


Руските олигарси, осомничени за корупција, ќе бидат принудени да го објаснат своето богатство во Велика Британија, објави весникот Тајмс, цитирајќи го министерот за безбедност Бен Валас.

Официјалните претставници се подготвуваат да ги користат новите наредби, кои стапија во сила оваа недела, овозможувајќи им да ги искористат сомнителните средства на оние што се под истрага, а кои не можат правилно да ги објаснат своите превземања, изјави министерот за безбедност, Бен Валас, за Тајмс.Официјалните претставници проценуваат дека околу 127 милијарди долари (102 милијарди евра) нелегални пари се перат преку Британија секоја година. Минатата година британските медиуми известија за истрагата "Лаундромат" за наводна шема за перење пари, предводена од Русија, во која 22,3 милијарди долари поминале преку Молдавија користејќи руски оф шор компании и фиктивни заеми од оф-шор компании со седиште во Велика Британија во периодот 2011-2014 година. Валас рече дека британската влада е решена да го запре ваквото однесување.

XS
SM
MD
LG