Достапни линкови

Ердоган: Турската армија ќе преземе офанзива против Сирија


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека турската армија во блиска иднина ќе преземе офанзива против градот Африн во северна Сирија.

„Нашите војници чекор по чекор ги расчистуваат планините во реонот на Африн од терористи. Војската се движи кон градот Африн, малку остана,” рече Ердоган.

Турските вооружени сили на 20 јануари го објавија почетокот на операцијата „Маслиново гранче“ во реонот на сирискиот град Африн против сириските курдски Сили за заштита на народот и Партијата на демократскиот сојуз, кои Анкара ги смета за терористички организации.

XS
SM
MD
LG