Достапни линкови

Тилерсон: Мексико да го истражи руското мешање во изборите


Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, побара од Мексико да го истражи евентуалното руско мешање на изборите, наведувајќи ги извештаите за мешањето на Москва во изборниот процес на земјите ширум светот. "Ги слушаме овие извештаи за изборни мешања од нашите европски колеги. Мојот совет е да се обрне внимание на она што се случува", изјави Тилерсон во Мексико Сити, на првата станица од својата латиноамериканска турнеја. Американските разузнавачки агенции заклучија дека Москва се вмешала во претседателските избори во 2016 година во корист на Доналд Трамп и ги намалила шансите на демократскиот ривал Хилари Клинтон. Русија, исто така, беше обвинета за вмешаност во гласовите во Италија, Финска, Велика Британија, Франција и на други места, а сите овие обвинувања Москва ги негира. Коментарите на Тилерсон следат по забелешките од советникот за национална безбедност на САД, Х.Р.Мекмастер, кој рече дека веќе има докази за руско мешање на мексиканските избори закажани за јули.

"Сè што можам да кажам е дека знаеме дека Русија има вмешано прсти“, изјави Мекмастер.

XS
SM
MD
LG