Достапни линкови

Патријархот Вартоломеј апелира на мир и воздржаност пред протестот во Атина


Важните и чувствителни прашања треба да се решаваат во мир со воздржаност и мудрост, апелира вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија и најавениот утрешен протест во Атина, кој е поддржан и од Грчката православна црква.

Вселенската патријаршија, како мајка црква на сите православни цркви на Балканот, во врска со разговорите за прашањето за името на ПЈРМ, апелира до сите засегнати страни на трезвеност и воздржаност со цел ова важно и чувствително прашање да се решава во мир и мудрост , стои во апелот на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

XS
SM
MD
LG