Достапни линкови

Додик: Односите на Република Српска со Србија најдобри досега


Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека односите помеѓу Српска и Србија се најдобри од кога постои Република Српска и Договорот за специјални и паралелни врски со Србија. Додик истакна дека му е важен ставот на Србија и претседателот Алексансдар Вучиќ дека тие го почитуваат Уставот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и дека ја сакаат Република Српска, нагласувајќи дека никогаш не почувствувал никаков притисок од официјален Белград.

Претседателот на Република Српска за Фејс телевизија изјави дека Србија поддржува се што ќе се договори во рамки на БиХ на уставен начин.

„Тоа е многу добра рамка,” рече Додик, притоа отфрлувајќи ги коментарите од странски дипломати и претставници на меѓународната заедница дека е под голем притисок и влијание од претседателот на Србија и дека наводно се би направил што Вучиќ ќе побара од него.

Додиќ нагласи дека не е човек што ќе подлегне на некаков притисок, дека има своја одговорност и дека е сосема задоволен од отворените разговори што се водат, пренесуваат локални медиуми.

XS
SM
MD
LG