Достапни линкови

На 31 март ново судење за предметот на СЈО „Насилство во Центар“


Архива: Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи пред Суд по рочиште за „Насилство во Центар.“

На 31 март ќе продолжи судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Судијата Душан Јосифов го одложи судењето по забелешката на Груевски и останатите обвинети дека во целост не го разбрале обвинението бидејќи не го добиле во пишана форма, а судот го задолжи СЈО по пошта да им достави пречистен текст на обвинетите за темелно да го разгледаат.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

XS
SM
MD
LG