Достапни линкови

Хан: 2025 не е фиксен дадум за прием на нови членки во ЕУ


Архива: Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Временската рамка за прием на нови членки во ЕУ до 2025 година не е фиксен датум, туку симболичен кој треба да ги мотивира земјите од Западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Тој рече дека во процесот за проширување на ЕУ не постои бланко чек или кратенка, туку се земаат во предвид само индивидуалните реформски резултати.

„Квалитетот е пред брзината, битен е индивидуалниот напредок“, изјави Хан. Тој зборувајќи за Србија, рече дека како и сите други земји кандидати треба да се концентрира на три приоритети: зајкнување на демократијата и владеењето на правото, економските и реформите на пазарот на работна сила и регионалното помирување со соседите.

XS
SM
MD
LG