Достапни линкови

Заев очекува решение за името до средината на годината


Премиерот на Македонија Зоран Заев

Премиерот на Македонија Зоран Заев очекува до средината на годината да се најде решение за над 25-годишниот спор за името со Грција и на Самитот на НАТО во јуни да биде активирана поканата за членство на Македонија. Во изјава за бугарската телевизија „Нова“, Заев вели дека евентуалното решение ќе треба да биде одобрено на референдум. „Референдумот треба да биде дополнителна гаранција и за нашите пријатели од Република Грција, бидејќи со тоа дефинитивно ќе се тргнат сите сомнежи, а народот ќе стои зад решението кое ќе биде прифатено. Убеден сум дека Македонците се подготвени за тоа. Но, се уште сме во преговори и се надевам дека решението ќе го сочува достоинството на граѓаните и на Грција и на Република Македонија, велиЗаев.

XS
SM
MD
LG