Достапни линкови

Средба Мицкоски-Нимиц


Mедијаторот Метју Нимиц во Скопје.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со медијаторот на ООН за прашањето за името Метју Нимиц рекол дека разговорите за името треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, стои во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес.

" Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека решението за кое преговара македонската Влада треба да ги запазува државните и националните интереси и да не го загрозува националниот идентитет на Македонците, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG