Достапни линкови

ОН: Хуманитарната криза во Сирија најлоша од 2015


Подрачјето Африн во Сирија

Хуманитарниот советник на Обединетите нации, Јан Егеланд, изјави дека испораките за помош на стотици илјади цивили кои се "под опсада" во Сирија е на најниско ниво од 2015 година, и дека ниту еден хуманитарен конвојот не стигнал до овие места од ноември. "Хуманитарната дипломатија се чини дека е целосно неделотворна", им рече Егеланд на новинарите во Женева по состанокот на светските и регионалните сили во хуманитарната "оперативна група" на ОН за Сирија. Советникот на ОН ја обвини сириската влада и бунтовниците за ситуацијата, како и земјите што ги поддржуваат во речиси седумгодишната граѓанска војна во Сирија, во која загинаа стотици илјади луѓе. Тој ги наведе Русија и Иран, кои ја дадоа клучната поддршка на владата на претседателот Башар ал Асад за време на конфликтот, како и Турција, која ги поддржува бунтовничките групи. Во меѓувреме, Турција ја продолжи воена операција во курдската енклава Арин во северна Сирија.

XS
SM
MD
LG