Достапни линкови

Во Кабул протести пред амбасадата на Пакистан


Протести во Кабул

Десетици демонстранти се собраа пред пакистанската амбасада во Кабул, извикувајќи слогани "Смрт за Пакистан" a беа запалени и знамиња на земјата. Демонстрациите се случија откако високи авганистански официјални претставници се вратија од посетата на Исламабад, каде што од пакистанските власти бараа да дејствуваат против милитантите во таа земја. Во делегацијата беа вклучени шефовите на разузнавачките служби на Авганистан, Масум Станеџаи и министерот за внатрешни работи, Ваис Бармак, кој на прес-конференцијата во Кабул изјави дека Авганистан изложил докази дека милитантите кои извршиле неодамнешни смртни напади во Авганистан биле обучени во Пакистан. Авганистанскиот главен град во последниве неколку недели беше погоден од неколку смртоносни напади, вклучувајќи и масовен самоубиствен напад на 27 јануари, кога загинаа повеќе од 100 лица а одговорноста ја презедоа талибанците. Авганистанските официјални лица изјавија дека нападот бил извршен од екстремистичката мрежа Хакани, која се наоѓа во Пакистан и е поврзана со Талибанците.

XS
SM
MD
LG