Достапни линкови

Убиен осомничен милитант во Русија


Архива: Руската Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Руските власти соопштија дека е убиен осомничен исламски милитант, за кој било сугерирано дека е можно да планирал напад на денот на претседателските избори следниот месец. Федералната служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека сили за безбедност го убиле човекот кога тој почнал да дава вооружен отпор на обидот да биде уапсен во градот Нижњи Новгород на реката Волга.

Осомничениот бил од неименувана поранешна советска земја и бил член на милитантната група Исламска држава (ИД), се вели во соопштението. Исто така се наведува дека тој „бил подготвен да изврши“ терористички напад на 18 март на денот на изборите, на кои се проценува дека сигурно дека Владимир Путин ќе обезбеди нов шестгодишен мандат.

Во извештајот на ФСБ исто така се вели дека при пребарувањето се пронајдени моќна бомба од домашно производство, компоненти за експлозивни направи, оружје и муниција.

XS
SM
MD
LG