Достапни линкови

Средба Иванов-Нимиц во вилата „Водно“


Средба на медијаторот Метју Нимиц со претседателот Ѓорге Иванов во Скопје.

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц претпладнево ја почна серијата разговори со македонскиот државен врв на средба со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“. По разговорите со Иванов тој ќе има одделни средби со премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицковски и Али Ахмети.

Нимиц, официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје ќе даде по средбата со Димитров, се вели во најавите на МНР. Тој по пристигнувањето во Македонија кусо порача дека „по Атина очекува добри разговори и во Скопје“.

XS
SM
MD
LG