Достапни линкови

Скакулци му се закануваат на Светското во фудбал


Изградба на стадионот во Самара. Фотографирано на 24 август

Скакулци може да предизвикаат проблеми кога Русија ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, кое треба да се одржи летово, изјави претставникот на руското Министерство за земјоделство, Пјотр Чекмарјов. Тој, како што рече, стравува дека скакулците може да предизвикаат меѓународен скандал.

Околу еден милион хектари земјиште во јужна Русија било нападнато од скакулци, вклучително и земјиште околу Волгоград, еден од градовите домаќини на Светскиот куп, велат од Министерството. Од таму велат дека е важно да не се срамотат пред светот.

Светското првенство треба да се одржи од 14 јуни до 15 јули во 11 руски градови. Официјалниот буџет за настанот е 11 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG