Достапни линкови

Избрани четворица нови обвинители за организиран криминал


Јавното обвинителство на Република Македонија.

Советот на јавни обвинители на денешната седница ги избра Марија Ѓоргева, Енѓелуша Кадриу – Леши, Ивана Трајчева и Валентина Бислимовска за нови обвинители на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, изјави претседателот на Советот, Коле Штериев.

Во ОЈО за организиран криминал од претходниот состав остануваат обвинителите Вилма Русковска, Наум Пановски и Сузана Мирчевска.

На четворица обвинители претходно им истече мандатот, по што тие се враќаат во обвинителствата од каде што дошле.

XS
SM
MD
LG