Достапни линкови

Анкета – Законот за јазиците нема да го подобри соживотот, сметаат половина од граѓаните


Граѓани протестираат пред Собранието против Законот за јазици и промена на името.

Законот за употреба на јазиците нема да го подобри соживотот во Македонија сметаат 51 процент од граѓаните, наспроти 44 проценти кои одговориле позитивно, покажуваат резултатите од телефонската анкета на Институтот за демократија „Социетас цивилис“. На прашањето дали сметаат дека со Законот за употреба на јазиците ќе се подобри соживотот во Македонија пет проценти одговориле „не знам“.

Анкетата покажува дека постои голема разлика во одговорите на ова прашање во зависност од тоа за која партија гласале анкетираните граѓани. Така 77 проценти од анкетираните кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека нема да се подобри соживотот наспроти, 39 проценти од анектираните гласачи за СДСМ, 25 проценти од гласачите за БЕСА и 11 проценти од гласачите на ДУИ.

Најголеми оптимисти дека законот ќе го подобри соживотот со 85 проценти се гласачите на ДУИ и БЕСА со 75 отсто, додека 55 проценти од гласачите на СДСМ и само 18 проценти од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ веруваат дека со законот ќе се подобри соживотот во Македонија.

Телефонската анкета на национален примерок од 1000 испитаници е спроведена од 19 до 26 јануари годинава од „М Проспект“ за потребите на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, маргина за статистичка грешка од три проценти .

XS
SM
MD
LG