Достапни линкови

На Латас ќе му се суди за бесправните градби


Архивска фотографија - Судењето за предметот „Тотал“, Уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас 5 декември, 2017

Кривичниот суд го одобри обвинението за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тревник“, во кој првообвинет е Драган Павловиќ - Латас за бесправна градба на три куќи во Зелениково.

Од Судот соопштуваат дека судијата кој го оценувал обвинителниот акт на СЈО по овој предмет, донел решение со кое ги одбива приговорите и го одобрува обвинителниот акт во целост.

По одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет, а понатаму тој треба да биде распределен преку електронска распределба.

Латас е осомничен во уште еден предмет на СЈО - „Тотал“ за даночно затајување.

XS
SM
MD
LG