Достапни линкови

Воздушни напади на Турција во Африн


припадници на турскат војска во близина на Африн. 28.01.2018

Турските воздухопловни сили денеска го бомбардираа градот Африн, 65 километри од Алепо во северозападна Сирија, при што загинаа најмалку три лица. Во понеделникот 13 лица беа убиени при напад на турските воздушни сили во граничните општини Џандарис и Билбл, а на 20 јануари во Африн загинаа 86 лица.

Генералштабот на вооружените сили на Турција соопшти дека за 11 дена во операцијата „Маслиново гранче“ се уништени повеќе од 400 објекти на Силите за заштита на народот во реонот на Африн и се убиени 712 терористи.

Во меѓувреме во експлозија од проектили истрелани од Курдите на турска територија загинаа двајца, а 21 лице е рането

XS
SM
MD
LG