Достапни линкови

Заев: Дилеми околу локацијата за новиот Клинички центар


Архива: Премиерот Зоран Заев на седница во Собрание.

Постои дилема дали новиот Клинички центар во Скопје да се гради на постојната локација или на нова која би била во областа на Бардовци, изјави премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања.

Тој рече ако Владата одлучи да не се гради Клиничкиот центар на постојното место ќе треба да плати пенали од околу 5,5 милиони евра, заради тоа што е потпишан договорот.

Заев наведе дека новата локација е во Бардовци, блиску до индустриската зона во Визбегово и оти е погодна поради близината на обиколницата и пристапот на западниот и источниот дел на Македонија, но и лесниот пристап на граѓаните на Скопје.

„Но, во постапка, ако се почне од сега и ја избереме втората опција, веројатно во рок од пет години ќе можеме да ставиме камен-темелник. Вредноста на новиот Клинички центар ако се гради на таа локација е помеѓу 450 и 500 милиони евра, а притоа треба да се уништи се што е постојно во сегашниот Клинички центар откако ќе се изгради нов за да може државата да го искористи ресурсот на убавата локација за евентуално колективни згради, куќи за домување или слично за да има влезни пари со кои ќе гради од другата страна“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG