Достапни линкови

Нимиц пристигна во Скопје


Архива: Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц дава изјава за медиумите во Скопје.

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц денеска пристигна во Скопје, по посетата на Атина. Тој со своите соработници беше во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, а како што информираат од Министерството за надворешни работи првата изјава за медиумите ќе ја даде по неговата средба со министерот Никола Димитров.

освен со Димитров, како што е најавено, Нимиц треба да оствари средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

По вчерашната средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, Нимиц изјави дека постои моментум и оти е време за носење одлуки. На средбата двајцата разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две недели, дека ги слушнал позициите на грчката владата, оценувајќи дека таа е искрена и активна во решавањето на проблемот.

XS
SM
MD
LG