Достапни линкови

Почна судењето за предметот на СЈО „Траекторија“


Архива: Никола Груевски на судење за предметот Траекторија.

Во Кривичниот суд од почеток почна судењето за предметот на СЈО „Траекторија“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Судијата Горан Бошевски рече дека судењето почнува од почеток бидејќи, е променет судечкиот совет. На рочиштето присуствуваат Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски.

Според обвинението, тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања со што му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Почна судењето за предметот на СЈО „Траекторија“
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:43 0:00

XS
SM
MD
LG