Достапни линкови

Мицкоски: Корисна посетата на Брисел


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја оцени како успешна и многу корисна посетата на Брисел каде што биле изнесени позициите на партијата и реафирмиран е ставот за ориентирање кон полноправно членство во ЕУ и НАТО. „Ќе ја искористиме нашата целокупна инфраструктура во рамките на сестринската Народна партија, за да можеме да добиеме позитивен извештај за напредокот на Република Македонија и нејзино понатамошно почнување преговори со ЕУ. Така што генерално се обидовме позитивно да дејствуваме за она што се вели напредок на Република Македонија во рамките на ЕУ“, изјави Мицкоски. Тој додаде дека на средбите станало збор и за тоа реалните теми што ја тангираат Република Македонија, кои, според него, имаат негативен предзнак, како за злоупотреба на државните институции, злоупотреба на моќта, злоупотреба на мерката притвор, негативните резултати на економски план.

XS
SM
MD
LG