Достапни линкови

Столтенберг: Западен Балкан е од стратегиско значење за НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Западен Балкан е од стратегиско значење за Алијансата и оти таа во целост ќе остане ангажирана во регионот, бидејќи тоа придонесува за промоција на стабилноста. Столтенберг за белградскиот весник „Политика“ наведува дека проширувањето на НАТО не е насочено против Русија. „Денеска две земји од Западен Балкан сакаат да и се придружат на НАТО. Ги поддржуваме стремежите на овие две земји и работиме со нашите пријатели во Скопје и Сараево за да им помогнеме на патот кон членство во НАТО“, изјави тој, наведувајќи дека Алијансата е посветена на јакнење на партнерството со Србија, со целосно почитување на нејзината воена и политичка неутралност.

XS
SM
MD
LG