Достапни линкови

Запалени оџаци - главен зимски предзивик на тетовските пожарникари


Пожарникари гаснат пожар во станбена зграда во Тетово.
Пожарникари гаснат пожар во станбена зграда во Тетово.

Од 18 регистрирани пожари зимава во Тетово, над 10 биле запалени оџаци, вели командирот на тетовската Протипожарна единица. Од таму апелираат до граѓаните да ги чистат оџаците, оти последиците од неисчистени оџаци може да бидат катастрофални.

Во зимскиот период тетовските пожарникари се поштедени од интервенции на пожари на отворено, но поради лошите навики на граѓаните да не ги чистат оџаците, сè повеќе се принудени да гаснат огнови во куќите и станбените згради. Ваквите пожари поради можноста да се прошират претставуваат опасност и за повеќе луѓе, но и се тешки и за гаснење, вели Ука Алити, командир во Територијалната противпожарна единица во Тетово.

„Изгледа како традиција кај нас, што нашите граѓани како да не се навикнати, не се научени да ги чистат оџаците. Апелираме до нашите граѓани, ние како Територијалната противпожарна единица во Тетово, да се чистат оџаците, бидејќи од еден неисчистен оџак може да се појави пожар со катастрофални последици. Како за едно семејство, особено во колективните згради висококатниците. Во една зграда живеат над 20-30 семејства, една зграда како едно село. Имаме примери секојдневно. Од тие 18 појавени пожари над 10 пожари се на оџаци“, рече Алити.

Што повеќе внимаваат и се преземат превентивни мерки, толку повеќе граѓаните ќе бидат безбедни, потенцира командирот.

„Би апелирал до нашите граѓани, овие наши апели да ги слушаат и да ги спроведуваат. Да ги чистат оџаците. Куќните совети да преземат мерки за подрумските простории и оџаците обавезно да се контролираат и да се чистат. Да се контролираат и електричните апарати. Нон-стоп да се внимава. Колку што повнимателни ќе бидат нашите граѓани толку ќе бидат и побезбедни“, вели Алити.

Сè повеќе пожарникарите ги повикуваат да интервенираат во разни несреќи во кои нема пожари.

„Имаме три видови на специјализации или специјалисти. Луѓе кои се бават на извлекување на повредени од сообраќајки. Имаме специјалисти кои работат на природни непогоди, земјотреси, поплави истекување на тешки токсични материјали и пожарникари кои се грижат за гаснење на пожарите. Ние сме сервис на народот. Кога имаше јаки ветришта ние излегувавме сите дрва кои беа попречени на пат или паднати да ги остраниме од патот“, истакнува Бобан Трпковски, заменик командир во Територијалната противпожарна единица во Тетово.

XS
SM
MD
LG