Достапни линкови

ОН: можен напредок во разговорите за името меѓу Македонија и Грција


портпаролот на Обединетите нации Фархан Хак

Обединетите нации соопштија дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 26 годишниот спор меѓу Атина и Скопје околу употребата на името Македонија. Заменик портпаролот на Обединетите нации Фархан Хак изјави дека „е создаден позитивен момент“ во разговорите што се водат со посредтсво на ОН и оти е можно да биде пронајдено решение со, како што изјави, „вистински дух на компромис од раководствата и од народите на двете земји“. Медијаторот Метју Нимиц е во Атина каде што денеска треба да се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Потоа тој ќе престојува во дводневна посета на Македонија.

XS
SM
MD
LG