Достапни линкови

САД и Русија далеку од договор за мировна мисија во источна Украина


Специјалниот американски пратеник за Украина, Курт Волкер

Русија покажа поголема отвореност за американскиот предлог за можна мировна мисија на Обединетите нации во источна Украина, но Вашингтон и Москва се уште се далеку од договор, изјави специјалниот американски пратеник за Украина, Курт Волкер.

Изјавата на Волкер следува по средбата со неговиот руски колега Владислав Сурков во Дубаи. Американскиот советник за Украина додаде дека на почетокот на оваа година, во телефонски разговор, му рекол на Сурков оти „во Вашингтон има силно чувство на разочарување и фрустрација што Русија не направила апсолутно ништо за да го заврши конфликтот во источна Украина или да ги повлече своите сили“.

XS
SM
MD
LG