Достапни линкови

Џафери: Нема услови за расправа по Законот за јазици


Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната седница ја одложи точката за расправа по Законот за употреба на јазиците, бидејќи, како што рече, не се исполнети технички услови за нејзино отворање поради големиот број на амандмани. Според него, не била завршена формалната процедура за обработка на сите амандмани.

Во Парламентот беше доставен пакет од над триесет илјади амандмани за Законот за јазици, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик во Македонија. Сите амандмани се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека со постапката на поднесување на бројни амандмани за Законот за употреба на јазиците се обидуваат да упатат порака до СДСМ и ДУИ да размислат и да го прифатат тоа што го бараат мнозинството граѓани и експерти.

XS
SM
MD
LG