Достапни линкови

Кремљ не го смета опозицискиот лидер Навални за закана


Полицијата го уапси опозицискиот лидер Навални за време на вчерашните протести во Москва

Кремљ не го смета за закана лидерот на опозицијата Алексеј Навални, изјави Дмитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, по апсењето на Навални и по масовните демонстрации низ цела држава за бојкот на претседателските избори на 18 март годинава.

"Популарноста на Владимир Путин стигнува подалеку од границите на Русија. Не мислам дека некој може да се сомнева оти Путин е апсолутен лидер според јавното мислење, апсолутен лидер на политичкиот Олимп... со кого е малку веројатно дека некој може сериозно да се натпреварува во оваа фаза", рече Песков.

Полицијата уапси најмалку 350 демонстранти, меѓу кои и Навални, кому му беше забрането да се кандидира за претседателската трка поради пресуда за финансиски злосторства, за која тој и неговите поддржувачи тврдат дека била „одмазда од Кремљ за неговата опозициска активност“.

Навални, кој го разлути Кремљ со неговите истражувачки извештаи во врска со „корупцијата меѓу најблиските соработници на Путин“, беше втор на изборите за градоначалник на Москва во 2013 година.

XS
SM
MD
LG