Достапни линкови

МАР: Измените на Законот за минерални суровини ќе ги затворат рудниците


Архива: Собраниска седница.

Измените на законот за минерални суровини кои се во собраниска процедура и кои треба да се донесат по скратена постапка, ќе предизвикаат затворање на рудниците и блокирање на целата индустрија, соопшти Македонската асоцијација за рударство (МАР).

Оттаму велат дека не е точно тврдењето во Предлог-текстот дека законските измени нема да имаат финансиски последици, бидејќи евентуално раскинување на договорите за концесии штетите би достигнале една до три милијарди евра, велат од МАР додавајќи дека рударската индустрија брои 12.600 вработени, а извозот достигнувал 180 милиони долари годишно.

Претседателот на МАР Марјанчо Николов вели дека предлогот бил чуден и оти е почудно што немало јавна расправа и што измените се туркаат по скратена постапка. Тој бара одложување на донесувањето на законските измени и Асоцијацијата заедно со експерти да учествува во расправата во собраниската Комисија за економски прашања.

Тој изјави дека Предлог-измените ги имаат поднесено група пратеници од СДСМ, но оти било нејасно кој во суштина стои зад нив.

XS
SM
MD
LG