Достапни линкови

Загинаа 11 авганистански војници во напад на ИД во Кабул


Силите за безбедност на Авганистан во близина на воената академија Маршал Фахим во Кабул. 29.01.2018

Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека милитанти нападнале армиски комплекс во близина на главната воена академија во Кабул, убивајќи 11 војници, а 16 се повредени.

Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за денешниот напад преку нејзината новинска агенција Амак. Нападот следи по неколку смртоносни напади на Талибанците во изминатите неколку недели во главниот авганистански град.

Портпаролот на Министерството за одбрана Давлат Вазири изјави дека петмина милитанти биле вклучени во нападот против единицата одговорна за чување на Воената академија Маршал Фахим.

Вазири за РСЕ изјави дека двајца напаѓачи самоубијци активирале експлозив, двајца други загинале во престрелка, додека еден бил заробен од страна на силите за безбедност.

Тој рече дека нападот бил насочен против единицата за безбедност, а не кон објектот.

XS
SM
MD
LG