Достапни линкови

Експлозии и престрелки во Кабул


Кабул

Авганистанските безбедносни сили соопштија дека вооружени луѓе денеска ја нападнале Воената академија во Кабул. Притоа биле убиени петмина авганистански војници. Ова е најнов во серијата напади во овој град во изминативе неколку денови. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот. За претходните смртоносни напади во Кабул одговорноста ја презедоа талибанците. Франс прес, повикувајќи се на извори од локалните власти, јавува дека некои од напаѓачите биле убиени, додека двајца претходно се разнесле со експлозив. Во саботата во бомбашки напад во Кабул загинаа над 100 луѓе.

XS
SM
MD
LG