Достапни линкови

Собранието денеска повторно ќе го разгледува Законот за јазици


Седница на Собранието на Република Македонија, архивска снимка

Собранието на Македонија денеска во 11 часот треба да ја започне 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците, во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик. Тој беше вратен од претседателот на државата Ѓорге Иванов без потпишан указ и со бројни укажувања. Седницата за овој закон претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа во предидениот рок и го стави на повторно гласање, а за законот се поднесени и над 32.000 амандмани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Содржината на амандманите, според Деловникот, мора да биде во согласност со укажувањата на претседателот Иванов. Поднесените амандмани ќе се разгледуваат само на пленарна седница.

XS
SM
MD
LG