Достапни линкови

Аеродромот во Техеран и училиштата затворени поради снег


Иран-снег во Техеран,18.01.2017

Поради силните врнежи од снег во Техеран се затворени аеродромот и училиштата додека стотици автомобили со часови се блокирани на автопатиштата надвор од главниот град. Аеродром во Техеран е затворен поради слаба видливост соопшти државната телевизија денеска.

Училиштата се затворени во неколку делови од земјата вклучително и во главниот град а стотици тимови на Црвениот крст се мобилизирани за помош. Мохамед Али Абтахи кој беше заменик претседател на поранешниот претседател Мохамед Катами објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа неговиот автомобил заглавен во снег на автопат околу 150 километри од Техеран наведувајќи дека таму се заглавени повеќе од девет часа.

Државната агенција ИРНА повикувајќи се на портпаролот на Црвениот крст јавува дека околу 6600 луѓе се евакуирани во привремени престојалишта.

XS
SM
MD
LG