Достапни линкови

Приведени десетици демонстранти во Русија меѓу кои и опозицискиот лидер Навални


Русија-поддржувачите на опозицискиот лидер Алексеј Навални протестираат во Москва, 28.01.2018

Неколку десетици луѓе меѓу кои и опозицискиот лидер Алексеј Навални се приведени денеска низ Русија на протестите за поддршка на бојкотот на изборите. Навални на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека бил приведен кратко откако се придружил на протестот на кој имало околу 1000 луѓе во центарот во Москва денеска. Тоа не важно, дојдете на Твертскаја, ние доаѓате за мене, туку за себе и за својата иднина, напиша Навални.

Според непотврдени извори повеќе од 180 луѓе се приведени низ Русија, наведе невладиниот проект за човекови права ОВД. Русите кои се незадоволни од можноста претседателот Владимир Путин да управува со земјата и во следните шест години денеска почнаа со протести низ целата држава, поддржувајќи го повикот на Навални за бојкот на изборите.

Опозицискиот лидер Навални повика на бојкот откако му беше забрането да се кандидира за изборите што ќе се одржат на 18 март поради обвинението за финансиски криминал, кое тој и неговите поддржувачи го сметаат за одмазда на Кремљ. Тие денеска излегоа на улиците во повеќе градови меѓу кои Владивосток, Новосибирск, Томск, Магадан, Јакутск, Кемерово, Курган и Барнаул во Сибир. Во источниот град Владивосток стотици луѓе се собраа на главниот плоштад носејќи транспаретни со порака “Ќе одам на избори кога ќе има избор”. Во Москва некој од демонстрантите извикуваа “Бојкот на изборите”и "Русија без Путин”.Слични пароли беа извикувани и во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија каде што излегоа околу 1000 луѓе.

Претходно полицијата ја изгасна телевизиската станица во Москва која што пренесуваше за протестите но каналот на Навални на Јутјуб остана активен.

XS
SM
MD
LG