Достапни линкови

Времето денеска сончево со температура до 15 степени


Илустрација.

Денеска времето ќе биде претежно сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини сопојава на утринска слаба магла, како и со мала облачност. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен северен ветер со променлив праве.

Максималната температура ќе достигне од 7до 15 степени. Во Скопје претежно сончево и тивко со слаба магла и максимални 10 степени.

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на дневните температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Од петок се очекува извесно зголемување на облачноста и опаѓање на дневната темпертура. За наредниот викенд следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

XS
SM
MD
LG