Достапни линкови

Почна координативниот состанок за предлозите на Нимиц


Архивска фотографија-Клуб на пратеници

Државно политичкиот врв вечерва во Клубот на пратениците го почна координативнот состанок на кој е предвидено да се разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот околу името меѓу Македонија и Грција предложена од медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

На состанокот што се одржува на инцикатива на МНР присуствуваат премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Никола Димитров, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјна Мицковски.

Засега нема информации дали по состанокот учесниците ќе имаат изјави за медиумите или ќе излезат со соопштение за она што ќе биде договорено на средбата.

Нимиц по последната рунда преговори на прашањето за името на 17 јануари во Њујорк оцени дека решението е на повидок, со што ќе се стави крај на 27 годишниот спор меѓу Македонија и Грција.

XS
SM
MD
LG